Проширувањето на продажбата на еден бизнис надвор од границите на државата, претставува одлична можност за раст и развој на самиот бизнис. Влегувањето на меѓународните пазари значи пристап до поголема база на клиенти, пристап до дополнителни извори на приходи, и воспоставување на глобално присуство. Проширувањето на еден бизнис на интернационално ниво, бара внимателно планирање, истражување на пазарот и внимателно избрана стратегија. Во овој текст, ќе претставиме неколку ефективни стратегии кои ќе ви помогнат да ја зголемите продажбата на вашиот бизнис надвор од границите на вашата држава и совети како да ги надминете предизвиците на меѓународните пазари.
Спроведете истражување на пазарот
Пред влегувањето во нови пазари, неопходно е да спроведете детално истражување на пазарот. Запознајте ги културните, економските и правните аспекти на целниот пазар. Анализирајте ги преференциите на купувачите, начинот на кој тие купуваат, и секако не заборавајте да ги анализирате локалните конкуренти. Со стекнувањето на деталите во врска со потребите и желбите на вашите потенцијални клиенти, вие можете да понудите производи и услуги кои одговараат на нивните барања.
Прилагодете ги промотивните активности
Истите стратегии и маркетинг комуникации не може да функционираат исто добро насекаде. Маркетинг кампањите и пораките кои ги пренесувате мора да бидат прилагодени на локалниот јазик и културата на целната публика.
Размислете за прилагодување на промотивните пораките кои ги користи вашиот бренд, слоганите и рекламните материјали во согласност со преференциите на целниот пазар.
Рекламирајте се на веб платформи кои се популарни во целната држава
Бидете онаму каде што се наоѓа вашата целна публика!
Истражете и искористете ги дигиталните канали и платформи за огласување кои се популарни во одредена држава за ефективно да допрете до вашите потенцијални клиенти. Доколку вашите производи и услуги сакате да ги понудите во Албанија, огласувајте се на најголемиот веб сајт за огласување во државата MerrJep.al кој е дел од Пазар3. Дополнително, искористете ја големата посетеност на сајтот на Пазар3 во Косово – MerrJep.com и регистрирајте се како правно лице.
Големата посетеност на овие веб страни во Албанија и Косово, ќе ви овозможат да ја зголемите продажбата на вашиот бизнис со тоа што ќе ја пласирате вашата понуда локално, и со тоа ќе достигнете до голем број на потенцијални клиенти. Покрај веб страните во Косово и Албанија, Пазар3 има свои веб страни и во Србија – MojTrg.rs, а и во Црна Гора – MojTrg.me.
Рекламирајте се на социјалните медиуми кои се популарни во целната држава
Направете истражување во однос на тоа на кои социјални мрежи најмногу го поминуваат времето вашите потенцијални клиенти од државата во која што сакате да инвестирате. Искористете ги профилите на социјалните мрежи кои ги имаат страните за огласување кои се популарни во државата каде што сакате да го проширите вашиот бизнис, и побарајте понуда за рекламирање. На тој начин вие ќе можете да достигнете до публиката која е вашата целна група, на најлесен и на најефективен начин.
На пример, доколку сте avto plac avto banda, или се занимавате со продажба на електроника, облека, обувки, или некој друг вид на производ или услуга, пребарувајте ги профилите на avto market и пробајте вашата понуда да ја претставите пред нивната публика.
Понудете производи и услуги по конкурентни цени
Цените на производите и услугите кои ги нудите секако имаа важна улога во меѓународната продажба. Направете темелна анализа на локалниот пазар за да
одредите соодветни цени. Размислете за фактори како што се куповна моќ на локалните жители, трошоците за живот и цените на конкурентите. Имајте на ум дека вашата цена треба да биде доволно конкурентна за да привлече клиенти и истовреме да одржува профитабилноста на вашиот бизнис.
Прилагодете се на локалните регулативи и закони
Секоја држава има свои регулативи и законски барања за бизнисите (auto placevi, avto placevi makedonija, и сл.). Погрижете се да ги почитувате сите потребни дозволи, лиценци и даночни обврски кои ги бара државата во која што сакате да го проширите својот бизнис. Запознајте се со царинските услови и законите, бидејќи тие можат значително да влијаат на вашите процеси на логистика и испорака.
Пазар ја нуди услугата за карго достава на производите. Доколку огласувате преку Пазар3 во Македонија, MerrJep.al во Албанија или MerrJep.com во Косово, процесот на достава на производите од купувачите до продавачите, ќе ви биде целосно организиран од страна на сајтот за огласување.
Проширувањето на продажбата на вашиот бизнис надвор од вашата земја може да отвори голем број на можности за раст и профитабилност. Со спроведување на темелно истражување на пазарот, локализирање на вашиот маркетинг, нудење конкурентни цени, почитување на локалните регулативи и обезбедување одлична поддршка за клиентите, можете да ги зголемите вашите шанси за успех на меѓународните пазари. Запомнете, секој пазар е уникатен и флексибилниот пристап кој ги зема предвид локалните преференции и потреби во голема мера ќе придонесе за растот на вашиот бизнис и долгорочниот успех на глобалниот пазар!