Home » Во фокусот » Како да креирате успешна влијателна (influencer) маркетинг стратегија

Како да креирате успешна влијателна (influencer) маркетинг стратегија

Колумна на Коста Петров, првично објавена на Македонија Денес.

Пред неколку години, познати лица, најчесто од естрадата или спортот беа неминовен дел од кампањите на светски но и на нашите познатите брендови. Иако овој тренд е се уште присутен, со растот на социјалните мрежи особено Фејсбук, Твитер и Инстаграм, повеќето од нив, ги заменија светски познатите лица со лица кои имаат влијание и голем број на следбеници на гореспоменатите мрежи.

Причината за овој тренд е едноставна. Во свет во кој нашето внимание е помало од она на златните риби (луѓето имаат внимание од само 7 секунди, една секунда помалку од златните риби). Инфлуенсерите имаат моќ да пренесат персонализирана порака која ќе биде напишана во нивен претпознатлив стил. Но, најважно од се е дека нема да има преголем фокус на продажба, што најчесто е проблемот со многуте традиционални маркетиншки кампањи.

Земете ја за пример Unilever Hair Care, една од најголемите светски компании за продукти за нега на коса. Нивната онлјан кампања на Youtube – #allthingshair е одличен пример за моќта на инфлуенсер маркетингот. Преку оваа кампања, компанијата индиректно ги промовира своите продукти со помош на видеа за совети за коса, направени од некои од најмоќните блогери и личности од социјалните мрежи. Видеата се снимени во домовите на инфлуенсерите, направени во нивен препознатлив стил и речиси никаде, во ниедно видео не е директно споменат ниту еден продукт на компанијата.

Дури и луксузни брендови како Ritz Carlton и Rolls Royce, секојдневно користат инфлуенсери со  цел  да ја променат перцепцијата дека брендовите од овој тип таргетираат само постари и богати луѓе. Погледнете ги нивните Инстграм профили и ќе видите за што ви зборувам.

Ефектот на инфлуенсер маркетинг кампањите е огромен и е дефинитивно нешто што треба да го имплементирате во вашите маркетинг стратегии. Но, во исто време мора да бидете и доста претпазливи бидејќи некогаш постапките или коментарите на инфлуенсерите со кои соработувате може да имаат негативен ефект врз вашата компанија и целосно да ја уништат вашата репутација и довербата од вашите купувачи.

Како да започнете?

  1. Анализирајте ги потребите на вашата компанија и направете листа на инфлуенсери според темите кои тие ги промовираат и нивниот генерален интерес. Стратегијата ќе има многу поголем успех ако одберете инфлуенсер кој ја таргетира истата таргетна група како и вие во вашите кампањи. На пример, ако сте компанија од автомобилска индустрија изберете инфлуенсер кој што редовно споделува содржина поврзана со вашата индустрија. Ако сте финансиска институција, успешно лице од бизнис светот може да биде ваш одличен инфлуенсер, итн.
  2. Направете сегментација на друштвените мрежи и размислете кој канал ќе биде најефективен за вашата стратегија па според тоа одберете го и инфлуенсерот и креирајте ја стратегијата. Најчесто кај инфлуенсерите, најголемиот број на следбеници доаѓаат од еден канал па поради тоа треба убаво да размислите кој канал сакате да го таргетирате во вашата стратегија. Инфлуенсер на YouTube можеби нема толкав број следбеници на Facebook или Twitter и токму поради ова најчесто светските компании освен по интерес, го бираат инфлуенсерот и според бројот на следбеници на каналот на кој сакаат да го постигнат бараниот ефект.
  3. Бројот на фанови или следбеници не е клучен за успешноста на кампањата. Иако пред неколку години бројот на следбеници беше најважен, најголем дел од компаниите денес соработуваат со микро инфлуенсери, најмногу поради тоа што тие имаат поголем број на следбеници со сличен интерес но и на нивните профили е забележана поголема интеракција во објавите.
  4. Кога ќе ја финализирате листата на инфлуенсери со кои би сакале да соработувате, започнете со мониторинг на нивните профили. Големите компании најчесто прават минимум шест месеци мониторинг на инфлуенсерите, не само да се осигураат дека комуницираат пораки со сличен интерес туку и да се осигураат дека инфлуенсерите не шират говор на омраза или било какви објави кои би можеле да и наштетат на репутацијата на компанијата.
  5. Иако во светот постојат агенции преку кои можете да стапите во контакт со инфлуенсерите со кои сакате да соработувате, кај нас најчесто тоа треба да го направите директно сами. Пристапете им со детален план за вашата соработка и дефинирајте ги убаво вашите и нивните очекувања. Дефинирајте ја временска рамка за вашата соработка за успешна стратегија. Дајте им слобода на инфлуенсерите да ја презентираат содржината во нивен стил. Објаснете им ја идејата но дозволете тие да ја искомуницираат на нивен начин.
  6. Прашање кое сите маркетинг директори го поставуваат– дали треба да им се плаќа на инфлуенсерите? Одговорот е едноставен! Да! Инфлуенсерот е вашиот бренд амбасадор и во ниеден случај не треба да постира содржина за вашиот бренд без финансиски надоместок.

За крај, клучот за успешна соработка со инфлуенсерите е отворена комуникација и верба! Не започнувајте стратегија со инфлуенсери ако сакате да ги контолирате сите аспекти во нивната комуникација. Но, најважно од се, не започнувајте инфлуенсер маркетинг стратегија ако не сте сигурни во кредибилитетот и репутацијата на вашиот инфлуенсер.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365