Конвенционалната мудрост вели дека имате само една шанса да направите прв впечаток. Како и многу други маркетинг решенија, начинот како ќе ги организирате производите на вашиот излог е од витално значење не само за да го привлечите вниманието на потрошувачите, туку и да ги натерате да донесат одлука за купување колку што е можно побрзо. Како експертите го постигнуваат тоа?
Мислете како да правите реклама
Најдобрите реклами, без разлика дали се на телевизија или принт, раскажуваат приказна. Привлекувањето на некој да стапи во интеракција со она што вашиот бизнис го нуди е целосно зависно од вашата способност да им претставите приказна која ќе ги заинтересира. Како да го организирате вашиот излог ако се обидувате да пренесете нешто дополнително од самиот продукт? Ова е вредно за размислување, бидејќи кога ќе ги гледате прозиводите на овој начин, ќе се појават и креативните идеи.
Размислувајте за емоции
Како раскажувач на приказна, вашата работа е да направите емоционална поврзаност со вашата публика. Најдобриот начин да го остварите ова е да обмислите тематски излог, како за Божиќ или Валентајн. Како да ги организирате производите ако сакате да ги предизвикате емоциите на овие празници? Што први ви доаѓа на памет кога помислувате на некој од тие празници? Тоа е начинот на кој што саката да комуницирате ако можете.
Осветлувањето е клучно
Излозите не треба да бидат само добро осветлени, туку и осветлени драматично, доколку е возможно. Драматичното осветлување вклучува комбинација на сенка и светлина во форми кои ќе го привлекуваат окото кон она што сакате да го нагласите. Имањето на доволно светлина е исто така важно. Размислувајте како фотограф. Исто така, вашите прозорци ќе треба да бидат врвни. Пронаоѓањето на добар снабдувач на прозорци и врати е добар прв чекор. Тие ќе ви помогнат со совети како да ја подобрите прегледноста и општата визуелизација.
Ниво на очи
Кога бил последниот пат кога одблиску сте го испитувале таванот во Вашата канцеларија? Е, толку често и вашите потрошувачи детално ќе го разгледаат вашиот излог. Треба да бидете апсолутно сигурни за “чии очи“ (деца, стари, млади, мажи, жени….) ги ставите вашите најдобри понуди на тоа ниво на излогот.
Блескав излог е сам по себе награда, бидејќи потрошувачите ќе започнат тука и ќе завршат во вашата продавница барајќи го остатокот од приказната. Бидете сигурни дека вашето прво поглавје е одлично.