Поранешната директорка на маркетинг во Хајнекен САД, Lesya Lysyj, за AdAge напиша пет совети како да станете подобар клиент.
Сите сме се наше во таа ситуација. Ја запознавте Вашата агенција со Вашите планови, чекавте таман толку како да изгледа вечно и конечно дојде денот кога ќе ја видите таа чудесна работа која ќе го подигне Вашиот бренд во звездите. Она што следува е една голема МАГЛА и следно на што ќе се сеќавате е како сте зборувале нешто во стилот : “Се ова е сра*е, одете назад и вратете се со уште идеи“, додуша можеби не со тие зборови. Но, без разлика на тоа колку шармантно и убаво сте го кажале тоа…можам со сигурност да Ви гарантирам дека Ве мрзат…..и by the way, кривицата е веројатно на вас, а не на нив.
Во продолжение погледнете неколку совети како Вашата агенција да престане да Ве мрази :) :
1. Изнесете ги Вашите проблеми на Вашата агенција!
Нивната помош ја баравте со причина, па зошто тогаш да се претварате дека ги знаете сите одговори? Тие се тие кои решаваат проблеми, и притоа се креативни во решавањето на проблемите, што веројатно Вие не сте. Колку што имав прилика да видам од искуство многу луѓе од компаниите мислат дека се неуспешни ако ги немаат сите одговори. Во салата за состанови морате да изгледате како да знаете што правите, но, со вашиот агенциски тим треба да бидете искрени.
2. Дозволете и на Вашата агенција да Ви помогне во пишувањето на брифот!
И самите знаете дека без обзир на она што ќе и го дадете на Вашата агенција, се се менува кога креативниот тим ќе го запознаете со деталите, зар не? Значи, не се грижете за шаблонот, пакетот и целокупното украсување. Само дојдете со 7 до 10 клучни зборови на основа на кои креативниот тим ќе создава. Понекогаш брифот за креативците е во складот со стратегијата, но нема да донесе добри идеи. Погледнете ги креативците директно во очи како да сте Larry David и проверете дали нешто навистина им се допаѓа или не. Брифот за познатиот “Gorilla“ оглас за Cadbury чоколадите (кој патем речено го зголеми бизнисот за 8%), беше “направите да се осеќам како да јадам Cadbury чоколада“. Дури не ни беше запишан на хартија.
3. Запознајте ги Вашите креативци лично !
Ајде едноставно да признаеме: креативците се многу повеќе cool, отколку што сме ние. Тие можат да дојдат на креативните презентации во шорцеви. Веројатно се ко-сопственици на некоја мини пивара. Вие живеете во предградието и ги носите децата на тренинг на фудбал. Јас апсолутно ја сакам интеракцијата со креативците. Мислам дека се единствени, забавни и супер талентирани во нешто што јас никогаш не би можел да го работам. Ако успеете да го совладате стравот веројатно и самите ќе дојдете до истиот заклучок.
4. Кажете им што навистина мислите на состанокот !
Погрижете се на најдете начин на креативците да им дадете јасен правец. Повторувам: јасен правец. Тоа значи да изберете неколку “тркачи“ на почетокот на трката и да не ги терате да се враќаат наназад и да работат на се. Препознајте ако постои некоја искра на некоја добра идеја која можеби е само имплементирана на лош начин. Ако самите го немате овој интуитивен осет (не мора да го имате – тоа е причината зошто ние не работиме во агенциите), најдете некој во Вашиот тим кој го има тој осет и слушајте го. Неколку пати сум се нашла во ситуација во која само на најнеискусната личност и се допаднала некоја работа и на никому друг, а испаднало да токму тоа бил најдобриот проект. И изнесете им го она што навистина го осеќате. Реагирајте, смејте се, правете гримаси, било што. Немојте да им дадете припремен пристоен одговор.
5. Бирајте ги битките !
Кога еднаш почнував нова задача, дознав дека еден од медиските планови доживеал 45 промени во претходните шест месеци. Другиот агенциски партнер ми кажа дека некој во мојот тим на агенцијата и го пратл назад 40 пати заради неколку линии текст за некој Facebook пост. ЧЕТИРИЕСЕТ ПАТИ? Доволно да се напушти целата индустрија, зар не?
Извор: AdAge
Автор: Lesya Lysyj
Преземено од : Marketing Mreza