Далекусежните и различните предности на Интернет им овозможија на милиони луѓе да се заработат за живот монетизирајќи ја речиси секоја вештина, талент или прилика. Меѓутоа, како и со секој потфат кој генерира приходи, постојат многу заблуди околу одредени стратегии, како што е случајот со YouTube. Особено ќе го забележите името на оваа платформа на врвот на статиите кои зборуваат за заработка на пари од дома. Сепак, иако сигурно може да заработите пари од YouTube, оваа цел обично не се постигнува на традиционален начин во кој секој сака да поверувате. Всушност, за да заработите пари од YouTube, треба да одите подлабоко во проблематиката и да воспоставите одржлива стратегија.
Предизвици при заработка на пари на YouTube
Митот за YouTube можеме да го спакуваме во една реченица, која гласи вака: “Објавете некоја видео снимка, привлечете гледачи и потоа претворете ги во пари приходите од рекламите“. Звучи едноставно и без напор, а претставува нешто што секој го повторува и користи за да продаде приказна за брзо збогатување. Сепак, поентата е дека не можете да остварите добри приходи базирани исклучиво на рекламирање на YouTube. “Дури и ако огласувачите плаќаат пристоен износ за промовирање на своите производи преку видео реклами, само дел од нивните трошоци оди во џебовите на креаторите на содржини“, вели претприемачот Мајкл Џонстон. “На пример, ако огласувачите плаќаат во просек 20 долари на 1.000 прикажувања на рекламата, видеата на кои се прикажуваат овие реклами можат да генерираат само 2 или 3 долари за 1.000 прикажувања.” Со други зборови, ќе направите неколку илјади долари за секој милион прикажувања и немојте да мислите дека е лесно, бидејќи постигнувањето на милионски прегледи е голем предизвик. Добрата вест е дека огласувањето на YouTube не е единствената можност за генерирање приходи за креативни луѓе кои сакаат да работат напорно и да развијат вистински бизнис планови.
Алтернативни решенија за генерирање приходи од YouTube
За да заработите приход од YouTube, не гледајте на таа платформа како на алатка за заработка, наместо тоа, размислувајте за YouTube како за катализатор. Вистинскиот начин да заработите пари од YouTube е да ја искористите неговата масивна мрежа. Еве како:
- Продажба на сопствени производи преку е-продавница
После Google, YouTube е втор по големина пребарувач во светот. Од гледна точка на пазарот, нема смисла да се игнорира овој голем ресурс. Еден од најдобрите начини да заработите пари е да го користите YouTube за да продавате свои сопствени производи. Претпоставувајќи дека веќе имате производ за продажба, можете да отворите продавница за електронска трговија користејќи ресурси како што се Shopify, а потоа да снимате видео записи кои се вклопуваат со вашиот производ. Ако имате добар производ и вашите видеа се едноставни и интересни, ова ќе функционира скоро секогаш.
- Продажба на премиум видео снимки
Ако вашата крајна цел е навистина да заработите пари од видео записи, има многу подобра опција отколку едноставно да се потпирате на распределбата на приходите од реклами. Наместо тоа, креирајте канал на YouTube и изградете публика. Примарната цел е да се ангажира оваа публика. Потоа, откако ќе воспоставите репутација, почнете да го насочувате сообраќајот кон целните страници на кои можете да им продавате премиум видео содржини на гледачите. Еден од начините за тоа е да користите решение како што е Yondo, кое ви овозможува да креирате своја сопствена продавница која продава видео содржини на барање со ваш сопствен домен. Можете да продавате pay-per-view, месечни претплати или нешто помеѓу нив. Најдоброто од сè, е тоа што можете да ја поставите вашата цена и нема потреба да го делите приходот на половина со YouTube.
- Директен сообраќај кон поврзани линкови
Партнерскиот маркетинг е очигледно многу популарна онлајн можност за профит. Проблемот е што многу трговци на пазарот не ги превземаат напорите кои се потребни за да генерираат значајни приходи. Наместо да се потпрете на статични блогови за да ги привлечете луѓето на поврзани линкови, обидете се да создадете YouTube канал и користите го како примарен катализатор. Бидејќи интернетот продолжува да се движи кон видеата како примарен облик на содржина, можете да ја искористите оваа прилика уште веднаш.
- Привлекување спонзорства
Ако ги проучувате најуспешните Јутјубери, ќе забележите спонзорства и реклами кои ги имаат во видеата. Овие соработки се можности кои самите креатори на видеата ги откриле. Покрај тоа, можете да преговарате за сите договори што ги сакате врз основа на големината на вашата публика, на пример. Во повеќето случаи, износот на приходите што го генерирате од спонзорството е значително повисок од приходите од реклами на YouTube. Едната работа не ја исклучува другата, па покрај приходот за спонзорство, сеуште можете да генерирате приходи од рекламирање. Значи, како да имате два извори на приходи од исто видео.
- Предавања и гостувања
На крајот, искористете ја својата репутација на YouTube за предавања и разни гостувања каде што ќе имате можност да зборувате во живо. Ако каналот на YouTube кој го креирате е фокусиран на одредена област или публика, направете некои истражувања за годишни конференции или други настани во индустријата. Потоа, искористете ги вашите статистики на YouTube и некои од вашите најдобри снимки за да создадете некој вид промотивен пакет и испратете го до директорите на овие настани. Гостувањата и држењето предавања или говори во живо можат да бидат многу профитабилни. Можно е да заработите многу со само еден час презентација и никогаш не ја занемарувате шансата да ја проширите вашата публика.
Размислувајте пошироко
Дали навистина може да заработите пари од YouTube? Апсолутно. Дали ќе генерирате големи приходи, потпирајќи се само на приходите од реклами? Веројатно не. Наместо тоа, мора да ги идентификувате начините на кои можете да ја користите мрежата на YouTube за да генерирате значителен приход и на тој начин навистина можете да заработите пари на YouTube.