(19.08.2020) – Како дел од кампањата „За љубовта кон спортот“,Oakley, спортски бренд за очила, подготви обработка на популарната песна на Боб Марли – „One Love“
Велат дека изборот паднал на оваа култна песна од причина што буди надеж и позитивен став кај луѓето, кои премногу ни треба во овие непредвидливи времиња. Песната ја испеа британската пејачка Селесте, која оваа година ја освои наградата за најперспективна млада ѕвезда на Британските музички награди. Додека ја подготвуваа обработката на песната, од брендот Oakley комуницираа со сите свои застапници ширум светот за да го пронајдат што им е на сите заедничко – спортот кој им дава можност да ги срушат бариерите и да ги назгодите дури и во најтешките времиња.
„Спортот буди емоции, како кај натпреварувачите, така и кај навивачите. Светот сега е во несигурна состојба, затоа сакавме да споделиме љубовта кон спортот која не` движи и нас и нашите спортисти, со надеж дека ќе имаме позитивно влијание врз луѓето“, рече Бен Гос, директор за маркетинг во Oakley. Песната на Боб Марли беше еден вид повик за единство и во 1965 година кога беше објавена, а од компанијата Oakley се сигурни дека пораката ќе биде јасна и 55 години подоцна.