Агенцијата “McCann Beograd“ осмисли забавен и иновативен outdoor оглас за ланецот фитнес клубови “FitCurves“ кој промовита посебно осмислена програма за жени во чиј фокус се регулацијата на телесната тежина и обликувањето на телото.
“Белградските столбови за постери станаа навистина дебели, со обзир на тоа дека со години се лепат плакати една над друга. Одлучивме за нашиот клиент FitCurves да искористиме “дебел столб“ и да го направиме по витален, нагаласувајќи го така главниот бенефит на нивната програма – брзо слабеење и обликување на фигурата. Така на столбот му го скративме “струкот“ и ги нагласивме облините таму каде што треба да бидат, а постерот со јасна порака “Распоредете ги облините на вистинското место“ е ставен околу столбот, како некој вид на појас кој ја нагласува новата “витка“ линија“, изјави Дубравка Петровиќ, Associate Creative Director во агенцијата “McCann Beograd“, која инспирирана од столбот за постери во центарот на градот дојде на идеја да го искористи овој “старински“ медиум на иновативен начин.
Пораката “Распоредете ги облините на вистинско место“ го привлече вниманието на многубројните минувачи, а необичниот столб на прометниот Студентски плоштад многумина го фотографираа и брзо се нашол и на социјалните мрежи.
FitCurves е најголем ленец на фитнес клубови на светот, со преку четири милиони членови и близу 11.000 локации во 80 земји ширум светот.