Home » Во фокусот » Како и колку содржина споделуваат трите мобилни оператори во Македонија?

Како и колку содржина споделуваат трите мобилни оператори во Македонија?

Поттикнати од податоците од истражувањето за содржина на локални брендови кое го реализира Агенцијата Рејтинг во пресрет на AllWeb конференцијата за интернет маркетинг (истражувањето го најавивме вчера на овој ЛИНК) направивме дополнително истражување и подлабока анализа на компаниските Фејсбук фан страници на 3-те мобилните оператори во Македонија како претставници на Facebook страници со најголем број на фанови во Македонија. 

На нашиов пазар сѐ уште главна метрика за споредба (за жал) е само бројот на фанови, но следејќи ги праксите на професионалните светски истражувања  анализиравме малку подлабоко преку неколку различни алатки за мерење  кои може да понудат подетални информации. Ако започнеме со метриката според која се вршат споредбите во Македонија,  вкупниот број на фанови, состојбата со страниците на мобилните оператори би била дека поединечно ТМоbile MKD има најмногу фанови (+221.000  фанови), но доколку ги собереме под една капа сите брендови на мобилните оператори, One.mk заедно со ЏаБест излегува на прво место, менаџирајќи со над: 275.000  фанови (секако реално е да се очекува дека дел од фановите на овие две фан страни можно е да се поклопуваат). По него следи T-Mobile MKD со 221.000  па последен е VIP operator со 213.000 фанови.

Меѓутоа бројот на фанови секако не е единствениот, а никако најважниот параметар по кој можеме да ги споредиме ФБ активностите на овие компании, па така кога ги земавме предвид и другите метрики добивме малце подетални податоци за квалитетот на работење на фан страните на овие 3 комании во изминативе 3 месеци:

Интеракции (Total interactions)

Најпрво наидовме на податокот колкава активност имаат овие компании на својата страница. Ако се разгледува периодот од 22 јули, 2014 година, па до денес ONE.mk има 5.976 вкупни интеракции, (а ако ги разгледуваме заедно со ЏаБест имаат дури  8.428 вкупни интеракции) и го заземаат водечкото место во одност на Vip operator со 5.494 и T-Mobile MKD со 2.163.

Вклученост на фановите (Engagement rate, Likes & Shares)

Друга исклучително важна метрика која сакавме да ја анализираме е колку фановите се вклучени во активност на страниците на трите  компании. Тука повторно ONE.mk во споредба со T-Mobile MKD и Vip operator има најголема стапка на вклученост (engagement rate) која го покажува односот помеѓу вкупни интеракции и објавени постови.

Во прилог и прегледот на вкупниот број на лајкови и споделувања на објавените постови кај трите оператори:

Summary - One, Vip, T-mobile

Корисничка поддршка

Она што е нај фасцинантно во споредбите, се разликите во времето кое во просек им е потребно на овие 3 компании да одговорат на прашањата и барањата на фановите.

Response time - One, Vip, T-mobile

Вредност на страницата (Page score)

На крај ја најдовме оваа можеби нова, но исклучително важна метрика при анализа на активност на социјалните медиуми. Ако сакаме да ја споредиме вредноста на страниците помеѓу овие 3 компании во однос на просекот од 4 различни параметри: раст на фановите, содржина на страницата, стапка на вклученост на фановите и квалитет на активноста на брендот, следствено на погоре презентираните параметри, состојбата е следна:

Page score - One, Vip, T-mobile

Според анализите може да се заклучи дека ONEmk и покрај порастот на фанови на својата страница, и големиот број на интеракции на страницата, во фокус ја има грижата за корисници, како и навремено, коректно и брзо одговарање на прашањата на своите корисници. За споредба, останатите оператори не успеваат или делумно успеваат да ја следат активноста на своите фанови и да ги задоволат нивните потреби на социјалните мрежи.

Следствено на оваа анализа не е за изненадување што светски реномираниот сервис за анализа на социјалните медиуми Soocialbakers веќе 3 години во континуитет им го доделува признанието на ONE за социјално посветена компанија на грижата за своите фанови (види ЛИНК).

Ова не поттикна да побараме статистики и за Твитер активноста на мобилните оператори, па во некој од следните постови ќе ги споделиме и резултатите од споредбите според неколку клучни Твитер метрики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365