Како реакција на случувањата поврзани со подкастот на еден македонски инфлуенсер, во последниве неколку денови гледаме разгорување на темата за инфлунсер-маркетингот. Професионалците во комуникациската индустрија веќе нашироко почна да дискутираат за квалитативните критериуми кои треба да се земат во предвид при изборот на инфлуенсери за некоја маркетинг кампања, поставувајќи клучни прашања за справување со потенцијалните ризици и одговорности кои би можеле да произлезат од таквиот избор и соработка.
Во таа насока, на читателите им предлагаме да го слушнат и неодамнешното предавање на проф. д-р Маја Кузмановска од Бизнис академијата Смилевски – БАС, која како дел од серијалот „Менаџмент муабети“ говореше на тема „Влијанието на инфлуенсерите врз потрошувачите“.
Предавањето се одржа пред десетина дена и му претходеше на актуелната ситуација, но суштински ги опфаќа најважните прашања и дилеми кои се поврзани со инфлуенсерите и нивното влијание врз купувачите.
Главниот заклучок е дека, во контекст на современите пазари и трендови, инфлуенсерството како феномен значително влијае на работењето на бизнис-организациите и затоа современиот менаџер треба да посвети особено внимание на тоа како инфлуенсерите можат да му помогнат, но и наштетат на неговиот бизнис или продукт. Односно, не е доволно да се земат предвид само бројките на прегледи и интеракции кои ги продуцира еден инфлуенсер, туку мора пред сé да се има предвид автентичноста на нивната личност и вредностите кои ги промовираат со цел да се максимизира позитивното влијание, а минимизираат потенцијалните ризици.
Проследете го целосното предавање на следниот ЛИНК.