Home » Во фокусот » Како Инстаграм беше искористен за да охрабрува донирање на срца #GiveYourHeart

Како Инстаграм беше искористен за да охрабрува донирање на срца #GiveYourHeart

Во светот на трансплантирањето оргни и неопходноста на луѓето на кои им е потребно тоа, реалноста, за жал, е дека многу луѓе кои можат да бидат донатори решаваат да не се, а тоа е голем простор за црниот маркет кој прави длабок пробив (често слушаме за бизарни приказни за луѓе кои се пробудиле со еден буберг помалку или слично).

Сепак, низ годините станувањето на донор наидува на поголемо одобрување и сега е полесно од кога и да било.

Случајот во Источна Европа е поспецифичен. Регионот има големи проблеми со корупција и постои голем простор за шпекулации со тоа што навистина се случува со органите, па поради тоа многу е важно луѓето да разберат дека овој потег не е измама и дека вистински луѓе ќе ги добијат тие органи, за бенефит на луѓето на кои им се потребни.

Голема кауза

Видеото погоре конкретно зборува за доирање органи во Полска, организирано од Dawca.pl, со фокус  на срцето – многу ранлив орган кој може да биде примен откако една личност е клинички мртва, и низ еден чувствителен и комплексен процес. Рекламата е на Полски, и  е намената за полската публика, па доколки не го знаете добро полскиот јазик нема да можете целосно да го разберете текстот. Ова е очекувано со оглед на тоа дека се работи за полски трансплантации за Полјаци, и од Полјаци. Она што го гледаме на почеток е малку збунувачко, но потоа станува јасно: #GiveAHeart ги охрабрува луѓето кои сакаат да станат донори да се фотографираат и потоа таа слика да ја објават на Инстаграм и така да се рашири гласот за тоа дека ќе бидат донори на срце.

Инстаграм е одлична платформа за ширење на опшествена свест, и идејата да некои ставаат фотографии каде што нивните раце припаѓаат на некој друг кој не е на фотографијата и кој ќе го добие твоето срце и одлична метафора, а бидејќи сите ние сакаме да се фоторгафираме, тоа е одличен начин да се привлече вниманието на луѓето.

Подари ‘Лајк’

Давањето на ‘лајк’ – срце на Инстаграм – е одличен начин за покажување дека и ти може да станиш донор и да го дадеш своето срце на некој кому му е потребно. Луѓето кои ги прават тие фотографии носат и маички со логото на компанијата  за да нагласат што прават и каде донираат. Видеото, покрај конфузијата и јазичната бариера, е добро направено и за разлика од повеќето реклами за донори прикажува се’ во позитивно светло, бидејќи на крај, навистина ќе се спаси нечиј живот доколку им се донира срце. Луѓето кои донираат се во фокусот, што е важно бидејќи тие се вистинските херои на кампањата и за луѓето чии животи ќе бидат спасени.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365