“Повредувањето“ на еден од најдобрите светските фудбалери на теренот ја направи вирална на глобално ниво оваа реклама на KFC од Јужна Африка
Во последниве денови, сите се смеат на една реклама за KFC во Јужна Африка, благодарение на бразилската ѕвезда Нејмар. Од почетокот на Светското фудбалско првенство, Фејсбук е преплавен со постови поврзани со фудбалот, но по натпреварот Бразил и Мексико, една реклама се прошири низ целиот свет, со наслови како “KFC го трола Нејмар” или слично. И не е тешко да се види зошто. Тркалањето што Нејмар го направи за време на овој натпревар премногу потсетува на актерот во ова видео.
Сепак, тоа треба да се напомене дека рекламата „Keep Rolling“ која ја изработи агенцијата Ogilvy Кејптаун, е направена неколку недели пред натпреварот за кој редовно се поврзува.
Имено, креативците кои работеле на рекламама биле свесни за фактот дека очите на целиот свет ќе биде вперени кон Светското првенство во Русија, а една од главните критики што луѓето ги имаат во текот на натпреварите е глумењето на повреда. Беше само прашање на време кога еден играч ќе почне да се тркала на теренот и да глуми повреда , со цел да изнуди слободен удар, па можеби дури и пенал.
А најдобрата “изведба“ ни ја овозможи никој друг, туку еден од најдобрите фудбалери во светот. Благодарение на Нејмар, рекламата буквално го обиколи светот и стана глобално вирална. Видеото е објавено на официјалниот канал на KFC Јужна Африка и има над 2 милиони прегледи. Дефинитивно, KFC треба да смисли начин да му се заблагодари на Нејмар за оваа помош!
извор: Media-marketing