Во почетокот на овој месец, приказната дека белиот носорог бара животен партнер на Tinder стана вирална вест во светски рамки.
Приказната всушност беше дел од кампањата за Ol Pejeta Conservancy, креирана од страна на Ogilvy Africa, во соработка со Ogilvy North America. Идеата беше да се користи Tinder за да се пронајде партнерка за Sudan (така се вика носорогот) преку донирање за истражувањето на техниките за вештако оплодување кои му се потребни за да може да се оплоди некоја од 7000-те сурогати бели носорози. Целта е на загрозените видови во истребување да им се даде шанса за опстанок.
Кампањата покрај печатени и радио огласи како и онлајн филм, беше лансирана во 190 држави и е достапна на повеќе од 40 јазици во светки рамки- го освои вниманието на сите медиумски наслови ширум светот.