Чарлс Спенс најверојатно не е познато име за никого надвор од полето на мултисензорната интеграција :) , но неговите експерименти со храната – најпознати со Pringles – имаат голем ефект не само во неговото поле, туку и во комерцијалното пакување на храна.

Pringles експериментот – поттикнат од хипотезата на Спенс дека перципираниот вкус на чипсот може да биде променет од звукот на нивното крцкање – вклучуваше субјекти кои го рангираа вкусот и свежината базирано врз крцкањето. Звукот на секое крцкање беше повторувано низ микрофон до пар слушалки носени од секој еден субјект, но Спенс ги манипулираше тие ѕвуци со појачало и еквилајзер. Тој откри дека, навистина, вкусот кој го перцепираа учесниците беше под влијание на тоа колку свежо или застоено звучел чипсот.
Дополнителни експерименти истражуваа до кој степен вкусот е под влијание не само на мирисот, туку и на другите сетила, а комерцијалните брендовите следеа со внимание.
По заклучокот на Спенс дека звукот на пакувањето од некој продук “може потсвесно да влијае врз нашата перцепција за продуктот”, Axe ги редизајнираше своите дезодеранси за погласен, помажествено-звучен млаз кој повеќе ќе им се допаѓа на младите мажи. Спротивно на тоа, Спенс има лимитирана бела Кока-Кола лименка во својата канцеларија како негативен пример. Дизајнирана како дел од акција за собирање средства за спас на загрозените поларни мечки, лименката беше повлечена откако луѓето се жалеа, погрешно, дека Кока-Кола ја променила својата формула и дека вкусот е полош.
Откритија како овие во голема мера не го потресуваат адвертајзингот, но го подобруваат на некој начин. Чекорејќи напред, работи како бојата, пакувањата и формата на продуктите, дури и нивните имиња, ќе бидат одлучувани не само врз база што е поевтино или попрактично за производство, туку и врз база на овие чудни невронаучни откритија кои согледуваат како нашите сетила влијаат едно врз друго. Она што навистина е интересно е тоа како нашите мозоци може да се адаптират на неизбежното презаситување од овој феномен за 20 години или повеќе.
Разгледајте го профилот на Спенс на The New Yorker за да прочитате за повеќе негови заклучоци од интересните експерименти, еве ЛИНК.