Следниот Startup Grind кој ќе се оддржи на 24 март, во четврток, со почеток од 17.30 до 20.30 часот во просториите на Seavus инкубатор како говорник ја носи Нина Ангеловска, ко-основач на Grouper, двигател на македонската е-трговиј.
Нина го започна Grouper во 2011-та, собирајки храброст да ја размрда е-трговијата во време кога помалку од 1% од плаќањето беше онлајн со картички.
Денес по 5 години, Grouper е единствениот сервис за групно купување кој не само што опстана на пазарот, туку стана лидер и синоним за е-трговија во земјата. Секоја година има по 20.000 нови корисници, по 300 нови соработници, и по 4.000 нови зделки, достигнувајќи скоро 400.000 продажби во 2015-та година.
Нина ќе сподели:
- Како се гради бизнис и бренд од 0 со пари од студентски натпревар?
- Раст (да не речеме „growth-hacking”): како да освоите 40% од еден пазар? Како и основачот да расте со бизнисот, да почне да делегира и да се откаже од целосна контрола?
- Како да се справите со агресивна конкуренцијаи да ја направите нерелевантна?
- Како се гради културана бизнис што постојано иновира?
- Како да вработите продуктивни луѓе кои имаат фит со културата?
- KPI: што сè се мери и како да носите одлуки базирани на метрики?