The One Club for Creativity, непрофитна организација која ги наградува креативните вештини во огласувањето и дизајнот, претстави онлајн видео кампања, која ја изработи агенцијат Zulu Alpha Kilo, а која ги повикува креативците да се пријават на конкурсот за престижните One Show Pencil награди.
Како дел од пошироката кампања “Win Pencil, Draw Respect“, во спотовите гледаме хумористични пред-и-после сценарија, со цел да се покаже како животот на креативците драстично се менува после освојувањето на престижните моливи. Кампањата, исто така, вклучува постери, банери и едноставни анимирани видеа.
Сите спотови се во режија на Џоно Хантер и продуцирани од продукциската куќа OPC.
“Сакавме да ги искористиме вистинските ситуации од индустријата кои креативците ги доживеале”, изјави Зак Мроуех, главен креативен директор и основач на агенцијата Zulu Alpha Kilo. Без разлика дали тоа е во собата за жирирање, давањето отказ или едноставно барањето поголем монитор, откако ќе освоите едно од One Show моливчињата, со него доаѓа и поголем степен на почитување. Сакавме да го драматизираме тоа.“