Агенцијата BETC Париз нè води на луда авантура за раѓањето на идејата во “дивиот ум” на еден сценарист на CANAL +
CANAL + е водечка француска кабелска мрежа позната по создавањето на исклучително популарни оригинални содржини, како што се сериите Spiral, The Young Pope, Versailles и The Bureau, но исто така и по нивната улога и поддршка на француската кинематографија.
Овој пат, нивната креативност заблеска во рекламата за нивниот нов проект CANAL+ CREATES, во кој нè водат на лудо патување низ умот на еден талентиран сценарист во кој се раѓа нова идеја за CANAL+. Рекламата визуелно ја илустрира генезата на една идеја, која започнува како мал пламен, кој станува се поголем и поголем, како што поминува низ мозокот и собира елементи на патот.
Оваа реклама или прилично краток филм, е мајсторски продуцирана, во режија на Иван Грбовиќ и креативното водство на Стефан Шиберс, CCO и претседател на агенцијата BETC Париз.
Стефан, кој повеќе од 15 години го води акаунтот за CANAL+, вели: “Луѓето кои ги гледаат нашите реклами за Canal+ често ме прашуваат: “Мечки што зборуваат, 80-годишни пилоти …Од каде ги добивате овие идеи?”, а одговорот е “од нашите глави”. И ова е целата тема на овој филм, за да го покажеме процесот на раѓање на една идеја, мистериозните начини на кои нашите умови поврзуваат еден бизарен елемент со друг. Бев навистина возбуден околу визуелниот предизвик на сценариото – како да се покаже внатрешноста на мозокот, со избегнување на вообичаените клишеа. Всушност научив дека е потребно многу фантазија за да се илустрира фантазијата! “