Еден потценет факт на добриот дизајн: Понекогаш несовршеностите се она што го прават дизајнот да изгледа совршен.
Тоа веќе го имаме видено кај логото на Google, кај кое буквата “G” не е совршен круг. Сега пак, една статија на Fast Company го насочи вниманието кон логото на Starbucks, забележувајќи дека лицето на сирената е асиметрично.
Ова е контраинтуитивно. Различни истражувања покажале дека луѓето повеќе ги привлекуваат симетрични визуелни особини кај лицата од спротивниот пол – дека симетријата е клучна во идеалот на човечката убавина. Би помислиле дека лого на бренд како Starbucks, дизајнирано од некои од најдобрите во бизнисот, ќе го прифати тој идеал.
Меѓутоа, кога дизајнерите од Lippincott работеле на редизајнирање на логото во 2011 година, сфатиле дека ако на сирената и’ доделат совршено симетрично лице ќе изгледа проблематично. „Како тим бевме согласни дека нешто не функционира као што треба“, изјави глобалниот креативен директор Кони Бирдсал.
На крајот, тие увиделе дека проблемот е во совршената симетрија на лицето кое на сирената и’ дава ладен и нечовечки изглед. Па така, дизајнерите ја издолжиле сенката на десната страна од носот повеќе од онаа на левата.
„Тоа беше еурека момент. Одлучивме дека мора да се вратиме чекор наназад и да внесеме малку човечност во изгледот. Несовршеноста беше важна за симболот да биде успешен“, заклучи Бирдсал.