Home » Во фокусот » Како социјалните медиуми влијаат врз политичкиот избор?

Како социјалните медиуми влијаат врз политичкиот избор?

Во екот на резултатите од претседателската трка во САД и изборот на Donald Trump, решивме да дедеме краток осврт на феномент кој ги поврза политиката и социјалните медиуми – кампањата на Barac Obama од 2008 година или како што многумина го нарекуваат “првиот претседател избран со моќта на социјалните медиуми”!

Извор: kristinaeichorn

Извор: kristinaeichorn

Колку прифаќањето на новите медиуми влијае врз политиката?
Thomas Jefferson прв ја искористи моќта на пишаниот збор во весниците за да се здобие со својата победа, F.D.R. го искористи радиото, J.F.K. беше првиот претседател кој ја разбра комплетно моќта на телевизијата како медиум, додека пак за Barac Obama, 44 тиот претседател во историјата на САД,  социјалните медиуми беа пресудни за промовирање на нов пристап на политиката кон медиумите и секако за значајната  вклученост на гласачите во целиот изборен процес.

Во целата оваа политичка треска, да не заборавиме дека Barack Obama беше првиот претседател воопшто кој ја разбра моќта на Web сервисот при намалување на трошоците во градењето на еден т.н “политички бренд”, креирајќи нова смисла на зборот поврзување со гласачите и пред се граѓаните, преку  дисперзија на методите на контрола преку препуштање на само-организирањето на групите на граѓани преку социјалните мрежи.

%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%ba
Како Obama се етаблираше како ‘’бренд’’?
Политичката кампања е како старт –ап бизнис. Пред својата кандидатура Obama во јавноста не беше премногу застапен. Освен еден говор одржан во 2004 година и 2 книги,  Obama  и реално не можеше претходно да се поврзи во никој случај со терминот бренд, за разлика од Clinton и McCain кои ги поседуваа сите традиционални извори на моќ.

 Како успеа да стане препознатлив ?
Тој покрај себе ги имаше вистинските луѓе и вистинската појдовна идеја!
obama-online0021
Официјалната страница barackobama.com ја креираше Chris Hughes, еден од тројцата основачи на Facebook. Оваа страница  дизајнирана е на таков начин што наликува на еден вид на социјален медиум. Преку оваа веб страница не само што секој од поддржувачите на Оbama можеше да креира свој профил и да се активира себе си како активен гласач и волонтер за креирање на настани,  за време на кампањата во 2008 година креирани биле над 200, 000 настани, напишани повеќе од 400,000 блог постови и формирани повеќе од 35,000 волонтерски групи на поддржувачи. Овој сајт имаше и за цел прибирање на донации за поддршка на кампањата ( преку сајтот прибрани биле донации од околу  600, 000,000 долари).

Претходно политичарите  застапени беа на Интернет, но никој пред Obama не ја прифати моќта и силниот глас на социјалните медиуми.
Тие беа всушност и појдовната идеја за неговата кампања која имаше неколку цели во овој сегмент: да оствари пристап до целната публика до 25 годишна возраст, да се генерира персонален пристап до своите поддржувачи, да се добијат донации, да се креираат настани, да  се регрутираат волонтери за кампањата, да се креираат настани и да се допре до Американците од сите националности и демографски групи.
Типичните кампањи пред онаа на Obama фокусирани беа на добивање на гласови и донации преку WEB, а тимот на Obama во овој дел вклучуваше и трет елемент (вклученост и активирање на поддржувачите во секој дел од кампањата).

Оbama успеа да ги освои гласовите 70% од  младите Американци  на возраст до 25 години, што во историјата на Американските претседателски избори се бележи како рекорд . Ова претседателскиот кандидат во тој период го постигна со својата активност на полето на Интернетот.

Највирална кампања претседателскиот кандидат остварил на Facebook каде во Јуни 2008 на својот налог имал околу 2,000,000 следбеници, а  за промоција на кампањата потрошил околу $643,000 од  $16 милиони долари наменети за промоција на кампањата на Интернет.
За споредба, неговиот опонент McCain имал само 600, 000 поддржувачи на Facebook.

Налогот на Barack Obama на Twitter (@BarackObama) исто така користен беше во насока на генерирање на поддршка од неговите следбеници.
Во 2008, Obama за време на кампањата успеал да добие 112,000 следбеници кои постојано ја твитале својата поддршка за кандидатот на платформата, додека пак McCain имал само 4,600 следбеници на Twitter.
До почетокот на оваа година бројот на следбеници на официјалниот налог на Barac Obama на Twitter брои 79,010,191 следбеници  и на него објавени се повеќе од 15,432 Твитови. Својот налог како претседател Obama по изборите често го користеше за да комуницира со јавноста околу економски прашања, прашања во однос на невработеноста, за да промовира одредени политики за кои потребна му беше поддршката од граѓаните.

obamaЗа време на кампањата во 2008 година, на YouTube просторот, Obama комплетно го освоил пиедесталот. Неговите поддржувачи објавиле повеќе од 1,800 видеа на неговиот канал BarackObama.com, кој броел повеќе од 115,000 претплатници и со повеќе од 97 милиони видео прегледи повеќе од 4 пати бил следен на овој медиум за разлика од опонентот McCain со 330 видео материјали, 28,000 претплатници и 25 милиони прегледи на видео содржините.

Obama  за време на кампањата емитувал видеа во живо и активен бил и на својата апликација “Obama app” дизајнирана за iPhonе. Оваа апликација овозможила неговите поддржувачи да споделуваат пораки за кампањата на Obama до сите свои пријатели.
Виралноста на објавите, персонализираниот пристап и грижата кон своите поддржувачи Barac Obama не само што го приближи поблиску до своите поддржувачи, му ја донесе и победата го направи и првиот ‘’технолошки претседател’’и првиот црн претседател кој со овие ептитети не само што се етаблираше како висока политичка фигура на глобално ниво туку и како бренд, еден поинаков претседател  на Американската но и глобалната политичка сцена.

Додека од Donal Trump, веќе добро познат по својата желба за медиумско присуство ( самиот имаше реално шоу : ‘’The Aprentice’’) веќе се очекуваше да биде повеќе застапен на социјалните медиуми во трката во 2016 од Clinton, приматот  за претседател најзастапен на социјалните медиуми му го даваме сосема заслужено на Barac Obama, кој допринесе кон нов пристап на вклученост на граѓаните во политиката.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365