Порталот Marketing mreža на 1 и 2 ноември во хотелот Crowne Plaza во Белград го организира третиот по ред национален фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2017. Под овогодишниот слоган “Look SHARP. Think SHARP“, акцентот на фестивалот ќе биде на интеграцијата, но и на различните, „остри“ идеи, кои излегуваат од границите на очигледното.
Како и минатата година, KAKTUS 2017 ќе им понуди на учесниците квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрираните комуникации, како и преглед на најновите светски трендови, а фестивалот ќе го отвори Paul Meates, извршен креативен директор на една од најнаградуваните американски агенции Droga5.
Првиот ден на фестивалот ќе го обележат интерактивни предавања и сесии од еминентни стручњаци од Европа и светот, меѓу кои се и Alemsah Ozturk, коосновач и главен креативен директор на агенцијата 4129 Grey EMEA (Турција), Folker Wrage, сопственик на агенцијата Wrage/Antwort и поранешен CCO на агенцијата Havas Цирих (Швајцарија), како и Eoin Sherry, креативен директор на агенцијата McCann Милан (Италија).
Во вториот ден на фестивалот ќе бидат организирани THINK TANK работилници за агенциите, компаниите и студентите, а ќе биде и официјалната церемонија на доделување на наградите KAKTUS 2017. Наградите се доделуваат во 22 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионалните интегрирани кампањи во изминатата година. За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди, одлучува стручно жири кое е составено од 22 угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.
“Пазарот на маркетинг комуникациите во Србија има свој национален фестивал, фестивал во рамките на кој се слават само најквалитетните идеи, оние кои ги поместуваат границите на струката и се стремат кон подобра иднина. Оваа година продолжуваме понатаму, со уште поквалитетна програма, одлични говорници, нови искуства и истакнување на идеите кои опстануваат“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing mreža и потсетува дека пријавувањето на конкурсот за KAKTUS наградите трае до 20 септември.
Повеќе информации за фестивалот KAKTUS пронајдете на сајтот: www.kaktus.rs.