Отсекогаш постоел јаз меѓу посакување на најдоброто и прифаќање на она што не задоволува.
Како вие ги донесувате одлуките? Некои луѓе се трудат да ги пронајдат апсолутно најдобрите опции (“максималните”). Други (“satisficers”), имаат збир од критериуми, се одлучуваат за првата опција и се задоволуваат со многу помалку…
Додека чекањето на најдоброто изгледа добро, истражувањата на колеџот Swarthmore покажаа дека оние што се задоволуваат со помалку се посреќни за разлика од оние кои се стремат да ја искористат опцијата која нуди максимум.
Ова е вистинито заради две причини. Прво, луѓето кои го сакаат најдоброто за себе се склони почесто да се жалат или да си префрлуваат нешто на себе си. “Ако се обидувате да пронајдете работа која ќе биде најсоодветна за вас т.е најдобра, а едноставно сте имале лош ден, повторно ќе мислите дека мора постои таму некаде нешто подобро за вас!” кажува Бери (Barry Schwartz), професор во Калифорниа на овој универзитет и автор на – “Парадоксот на избори “(The Paradox of Choice).
Оние што го бараат максимумот, исто така имаат тенденција да се споредуваат себе си со другите. “Ако сте во потрага по најдоброто, социјалната компарација е неизбежна,”вели Шварц (Schwartz). “Но никако не постои начин со кој ќе дознаете што е најдобро.” Зависта во кратко време ги прави луѓето несреќни.
Оттука произлегува прашањето: дали луѓето кои бараат максимално најдобри опции за себе, може да станат луѓе кои се задоволуваат со нормални добивки. Може ли да се научи како тоа да се постигне?
Веројатно, но треба да се работи на тоа. “Она во кое верувам е дека нештата може да се сменат и тоа секако не е лесно,” кажа Шварц (Schwartz). Еве неколку начини како да ја направите таа промена.
Бидете практични
Мудроста кажува дека “идејата за најдобртоо е бесмислена. Не постои најдоброто,” вели Шварц (Schwartz). Платонските идеали во овој свет не постојат. Освен тоа, сите ние живееме со ограничувања. Најдобрата куќа, ако постои, нема да може да ја купите со својот буџет. Подобро, наместо да се фокусирате на најдоброто, почнете да носите одлуки со практични и остварливи критериуми. Дали куќата е во близина на вашето работно место? Дали градината е доволно голема за вашето куче? Бидете искрени. Можеби сакате куќа која изгледа импресивно, и тоа е добро да ја ставите на вашата листа заедно со нештата кои ви се важни. Се што ги задоволува вашите критериуми ќе биде добро. “Она што е доволно добро, речиси е секогаш доволно добро,” посочи Шварц.
Пронајди го во себе човекот кој е задоволен
Според скалилото на Шварц (Schwartz), луѓето го менуваат начинот на носење одлуки постепено и во континиум “Никој не трага по максималното за се“ вели тој. Можеби ќе потрошите месеци за да најдете најдобар автомобил, но во ред е ако купите било каква тоалетна хартија која е на продажба. Според тоа, ваша задача не да научите нова вештина, туку да ја трансферирате вештината која веќе ја имате.
Почнете со не толку “важни“ одлуки одлуки.Кога ќе почувствувате тенденција дека трагате по максималното, на пример трагате по совршениот џемпер, забележете го тоа и изберете еден што повеќе ви се допаѓа. Потоа оценете дали има некакви недостатоци. Знаци за тревога? – Нема да има. Тогаш гледате дека нема светот да пропадне ако вие го имате доволно добриот џемпер, а не совршениот.
Бидете сигурни дека сте на чисто со минималните барања, исто така. “Вие буквално можете да го намалите вашето време на работа на нешто од неколку часа на една минута, кога ќе сватите дека нешто не треба да се направи совршено. ” кажа Елизабет (Elizabeth Grace Saunders), тренер за организација на време и автор на – Како да го инвестирате вашето време како пари.
Сменете ја вашата референтна рамка
Проблемот со социјалната компарација со луѓето е тоа што поголема е веројатноста тие да се споредуваат со оние што имаат повеќе отколку со оние што имаат помалку. Па, тоа прави да се чувствуваат мизерно. Но свесно, може да го промените тоа и да оцените со кого да се споредувате. Има многу причини да пробате да се оттргнете од социјалните медиуми на некое време, а ова е една од нив. Социјалната “детоксикација“ е исклучително препорачлива. Учењето да се биде среќен со помалку, е еден чекор.
Правилно делегирање
Ако имате проблем при донесување одлуки, тогаш “одлучете кога треба да одлучите“, вели Шварц. Ангажирајте декоратор кој ќе ви покаже две опции за осветлување. Ако планирате веднаш да повикате некого за консултација, тогаш обратете се кај пријател кој избрал само едно осветлување и е задоволен со тоа. Можете да го прашате келнерот која салата повеќе му се допаѓа и да ја изберете таа.
Планирајте го вашето време
Времето е ограничено, и максимизирањето подразбира трошење на времето во донесување одлуки а помалку уживање во тоа што сте го одлучиле. Сандерс (Saunders) препорачува креирање на груб план за целата недела или тековниот ден, па селекција за избирање на приоритетни и помалку важни задачи.
“На пример, најважна задача може да биде преглед на договор склучен со голема фирма,” објаснува Сандерс (Saunders). “Едноставна или не толку важна одлука може да биде избирање на ручек од менито, кога сте на пауза со вашите колеги“. Тогаш одлучете за секоја задача по колку време да потрошите. Планирајте повеќе време за важните или приоритетни одлуки, а помалку за оние кои се споредни. Во секој случај, ограничете го времето.
И за најмалите и споредни нешта донесувајте брзи одлуки и не трошете повеќе време за одлука повеќе од 10 минути. Пример на која локација да биде ручекот, вели тој! Како и да е, гледајте сите активности да ги завршувате на време!