Британската организација „Childline“ чија задача е да се справи со прашања кои предизвикуваат разни проблеми кај децата и младите (злоупотреба, ментална болест и сл.), лансираше видео спот наречен „Nobody is normal“.
Видеото, во чија позадина може да се слушне песната Creep од позната музичка група Radiohead, го креираше лондонската агенција „The Gate“ и има за цел да ги охрабри децата и младите да ја изразат својата индивидуалност и им порачува дека не се сами, без оглед на тоа како се чувствуваат.
Новата реклама на „Childline“ е создадена како одговор на илјадници млади луѓе кои се обраќаат до организацијата поради страв дека не се вклопуваат во општеството.
Видеото е објавено токму во моментот кога психолошките проблеми кај младите станаа особено изразени за време на пандемијата на корона вирусот.