Фабриката за задоволства – Европа, подготви големо изненадување за своите купувачи и фанови, на кое ќе се израдуваат сите вистински љубители на слатки.
“Golden Ticket за слатка авантура“ претставува уникатната можност за посета на посакуваната од секого #ФабрикаЗаЗадоволства и дегустација на највкусните слатки од АД Европа!
Постојат 4 начини за освојување на Golden Ticket, а натпреварувачите можат да станат сопственици на истиот преку социјалните мрежи Facebook, Тwitter, Instagram и специјализираните продавници на Европа.
Најупорите 5 Facebook фанови, својот Golden Ticket можат да го освојат со приклучување на натпреварот преку Facebook апликацијата, каде имаат неограничен број на обиди за освојување на Golden Ticket и други 250 подароци.
Најкреативните двајца Twitter корисници, кои користејќи го хаштагот #ВлезВоЕвропа, ќе пишат зошто токму тие треба да освојат Golden Ticket, ќе станат добитници на истиот
Инстаграмџиите имаат за задача да објават фотографија со некој од производите на А.Д. Европа, користејќи го хаштагот #EvropaGoldenTicket и притоа да го тагираат профилот на @ad_evropa на Instagram. Авторите на најдобрите 3 фотографии ќе освојат Golden Ticket, а за нив одлучува стручно жири.
Авантурата за освојување на Golden Ticket – oт, трае до 21-ви април 2016 година !
Пронајдете Golden Ticket за слатка авантура во #ФабрикаЗаЗадоволства и освојте што повеќе од останатите 250 подароци! Искористете ја можноста за посета и дегустација на штотуку произведени крем банани, чоколади, вафли и многу други слатки задоволства!
На сите натпреварувачи им посакуваме многу среќа во потрагата!