Home » Во фокусот » Кампања на “Божиновски часовници и накит“: Победи го времето, живеј го моментот!

Кампања на “Божиновски часовници и накит“: Победи го времето, живеј го моментот!

Наместо своите редовни униформи вработените во салоните на „Божиновски часовници и накит“ денеска имаа сосема вон стандарден стајлинг и  под мотото „Денес не е први април“ со исцртани маски ги опслужуваа клиентите кои ги посетуваа продажните места,  предизвикувајќи бројни љубопитни погледи од случајните минувачи. Од Божиновски часовници и накит објаснуваат дека перформансот е почеток на една по опсежна кампања која ќе ја реализираат вработените на компанијата под мотото: Победи го времето, живеј го моментот! 

Ние сме компанија која долги години е во бизнисот со часовници во Македонија и одлично го разбираме концептот на релативноста на времето. На инвентивен начин како еден вид на општествена одговорност решивме да покренеме позитивна кампања во која нашите вработени преку личен пример за нивното лично време ќе покажат колку е важно колку  што можеме повеќе секунди да ги претвораме во убави моменти. Или накратко – Не мора да биде први април за малку повеќе да ги прошараме нашите животи“, велат од Божиновски часовници и накит.

Оваа година „Божиновски часовници и накит“ е премиум партнер на Авалон продукција и главен покровител на сите поважни настани кои се одржуваат во нашата земја и од тука е идејата наместо само да одбројуваме, да ги живееме сите моменти додека чекаме да се случи некој голем настан.

Како дел од кампањата за своите верни клиенти  „Божиновски часовници и накит“ подготви бројни изненадувања со цел нашите часовници да бројат што повеќе секунди исполнети со незаборавни  доживувања.

Ние работиме со времето, и времето го ставаме во функција на нашите животи, бидејќи и најнеобичниот часовник може да стане обичен, доколку на истиот не му овозможиме да одбројува моменти за паметење!!!

П.С  Споделете ги вашите  приказни за паметење со #ZivejGoMomentot

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365