Dove дава ново лице на “вистинската убавина” во знак на поддршка на здравствените работници
Dove му даде ново лице на рекламирањето на вистинската убавина преку кампањата „Храброста е убава“, која се емитува во САД и ги прикажува здравствените работници чии лица имаат траги од заштитната опрема што ја носат за време на кризата предизвикана со корона вирусот.
Идејата се појави кога во агенцијата WPP Ogilvy Kanada ги забележале сликите од здравствените работници на првите борбени линии, направени од италијанскиот фотограф Алберто Џулијани, вели Алесандро Манфреди, извршен потпретседател на глобалниот бренд Dove.
„Имавме чувство дека храброста е убава“, рече Манфреди. „Помислевме, зошто да не ги покажеме луѓето што го прават ова и да ги повикаме и другите да ни се придружат и да им се заблагодариме на оние кои ги ризикуваат своите животи? Ние го сторивме тоа, морам да кажам, за четири до пет дена. Тогаш, моравме да се погрижиме да ги имаме вистинските фотографии за САД и требаше уште два дена да направиме дополнителни фотографии исклучиво за американскиот пазар. Тоа беше најбрзата реализирана кампања која што сум ја видел во животот “.
Најпрвин, рекламата се емитуваше претходната недела во Канада, додека американската верзија, во која има повеќе фотографии од локални здравствени работници, почнува да се емитува сега, а наскоро следат и други реклами прилагодени за другите земји со нивни локални фотографии, рече Манфреди.
Американската верзија носи слоган во кој се потенцираат донациите на Dove за грижа на здравствените работници во Америка. Тоа е дел од пошироката глобална заложба на „Унилевер“ од околу 108 милиони долари во залиха и пари, која вклучува и донација од 200 000 маски.
Со оглед на ограничувањето на собирањето луѓе во производство, Dove не сакаше елегантно производство на скап изглед, вели Манфреди. „Мислам дека колку помалку ресурси имате, толку сте покреативни“.
Истовремно, Dove започнува кампања креирана од агенцијата Edelman како дел од заложбата на Владата на Велика Британија да потроши повеќе од 50 милиони долари на глобално ниво, со цел да ги охрабри луѓето да ги мијат рацете почесто. Верзијата од 30 секунди вклучува одбројување од 20 секунди колку што е потребно за да ги измиете рацете темелно, со порака: „Не ни е важно кој сапун го користите, важно ни е дека се грижите“.
Dove е најголемиот бренд за производство на сапуни во светот, вели Манфреди, што истовремено е и причина поради поради која има смисла да води глобална кампања.