• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Thursday, January 21, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

Кампања на ЗНМ: Водич за новинарска писменост

December 21, 2020
in Во фокусот, Медиуми, Најнови вести
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Дигитализацијата и пандемијата придонесуваат уште еднаш да се преиспита доверливоста на информациите кои се пренесуваат преку медиумите. Во вакви чувствителни мигови, професионалноста на новинарите е клучен фактор во насока на навремено и вистинито информирање на јавноста. Токму од овие причини, ЗНМ отпочнува видео кампања со цел уште еднаш да ги акцентираме етичките  и професионални стандарди од Етичкиот кодекс на новинари.

Кампањата ги опфаќа сите членови од кодексот. Идејата на ЗНМ преку оваа кампања е да потенцира дека професионалните новинарски стандарди мора да бидат клучна водилка во идентификувањето на етичкото новинарство како јавно добро.

Новинарите мора да бидат свесни за својата улога во општеството, да ја препознаат и почитуваат одговорноста при пренесување на вестите до јавноста. Пренесувањето на информациите е значајно поради ефектот кој го предизвикува кај луѓето и општествените процеси.

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од нашиот Устав. Слободата на медиумите е неприкосновено право, новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења, и право да коментираат, почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, настојувајќи дека ќе бидат чесни, објективни и точни.

Спречување на цензурата и искривувањето на вестите е право и должност на новинарите.

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите треба да ги бранат човековите права, достоинството и слободата, да го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, да придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. Новинарите мора да ги препознаваат  црвените линии на јавниот интерес, не прекршувајќи ги личните слободи и права.

Во насока  на унапредување и зајакнување на професионалните стандарди на новинарите, Здружението на новинарите на Македонија започнува кампања преку кратки видеа, да се промовираат сите членови на етичкиот кодекс на новинарите.

Видеата може слободно да се преземаат и промовираат од страна на сите медиуми и истите се изработени во соработка со Програмата за медиуми во Југоистична Европа на Конрад Аденауер фондацијата.

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.