Овие кратки филмови се засновани на вистински инциденти, а во нив глумат бројни холивудски ѕвезди
Советот за реклами (Ad Council) во САД започна кампањата #ThatsHarassment, во која заедно со бројни холивудски ѕвезди сака да посочи на несоодветното однесување на работно место.
Секој од филмовите се заснова на вистински настани и опишува сценарио каде жената е жртва на сексуален напад. Креаторите на оваа серија реклами се ѕвездата од серијата „Пријатели“, Дејвид Швимер и режисерот и сценарист Сигал Авин. Самиот Швимер глуми во еден од спотовите, во кое игра шеф кој зборува со една млада жена (која ја глуми Зази Битц) за нејзината работа, а потоа одеднаш ја бакнува.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=7OpvWfy0I6s
Во второто видео, “The Coworker”, играат Грејс Гумер и Џозеф Сикора, а претставува ситуација во која еден маж на својата колешка во бар, почнува неприкладно да и` шепоти на уво.
https://www.youtube.com/watch?v=3QeRZj3LhS4
Во третото видео наречено ” The Politician “, политичар му ги става рацете на коленото на новинарката после интервјуто.
https://www.youtube.com/watch?v=JLvsPn4wl4w
Рекламите се всушност скратени верзии на филмови кои за првпат беа прикажани онлајн во април 2017 година. Од 26 јануари, сите краткометражни филмови и реклами се прикажуваат на дигиталните и ТВ канали, вклучувајќи Amazon Prime Video, CBS, CW, Fox Networks Group, Freedom, Hulu, Showtime и Starz.