Home » Во фокусот » Кампања со холивудски ѕвезди во која демонстрираат што е сексуално вознемирување

Кампања со холивудски ѕвезди во која демонстрираат што е сексуално вознемирување

Овие кратки филмови се засновани на вистински инциденти, а во нив глумат бројни холивудски ѕвезди

Советот за реклами (Ad Council) во САД започна кампањата #ThatsHarassment, во која заедно со бројни холивудски ѕвезди сака да посочи на несоодветното однесување на работно место.

Секој од филмовите се заснова на вистински настани и опишува сценарио каде жената е жртва на сексуален напад. Креаторите на оваа серија реклами се ѕвездата од серијата „Пријатели“, Дејвид Швимер и режисерот и сценарист Сигал Авин. Самиот Швимер глуми во еден од спотовите, во кое игра шеф кој зборува со една млада жена (која ја глуми Зази Битц) за нејзината работа, а потоа одеднаш ја бакнува.

Во второто видео, “The Coworker”, играат Грејс Гумер и Џозеф Сикора, а претставува ситуација во која еден маж на својата колешка во бар, почнува неприкладно да и` шепоти на уво.

Во третото видео наречено ” The Politician “, политичар му ги става рацете на коленото на новинарката после интервјуто.

Рекламите се всушност скратени верзии на филмови кои за првпат беа прикажани онлајн во април 2017 година. Од 26 јануари, сите краткометражни филмови и реклами се прикажуваат на дигиталните и ТВ канали, вклучувајќи Amazon Prime Video, CBS, CW, Fox Networks Group, Freedom, Hulu, Showtime и Starz.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365