Благодарение на својот иконичен бренд, Кока-Кола е една од ретките компании која може да се „провлече“ со многу малку кога е во прашање комуницирањето на некоја порака. Тоа е евидентно и од најновата outdoor кампања на брендот создадена од Publicis Italy, која се состои од едноставен оптички дизајн кој е доволен да ги потсети потрошувачите дека можеби сакаат да посегнат и да зграбат едно шише Кока-Кола.
Белото лого на црвена позадина е така закривено што изгледа како да е обвиткано околу препознатливото шише на брендот, а над него стои едноставна реченица од два збора: „Почувствувај го.“ Посакуваното шише Кока-Кола во оваа кампања не го гледате, но го чувствувате преку неговиот замислен облик.
Кампањата ќе се најде на билборди и други out-of-home локации, како и во принт и онлајн изданија, на пазарите во Централна и Источна Европа.