Хрватската компанија ПхармаС почна кампања за водење здрав живот насловена како „Немате време да бидете болни“, поддржана од ПРОбаланс.
Заштитното лице на ПРОбаланс, Светлана Црнокрак, маскотата ФармаСко и стручни лица на компанијата, во текот на викендот, ги информираа посетителите на трговскиот центар Скопје Сити Мол за што се користат пробиотиците, што треба да понесат при патување и при одмор и како да живеат здрав живот.
„Со оваа кампања „Немате време да бидете болни“ сакаме на граѓаните да им укажеме на потребата од континуирано водење здрав живот, преку здрава исхрана, спортски активности, како и бенефитот од употребата на пробиотиците, посебно доколку пијат антибиотици, како и кога ќе тргнат на одредено патување“, вели магистер Филип Ачкоски, регионален директор на ПхармаС за Македонија, Бугарија , Албанија и Косово.
Во наредните месеци, секој викенд, заштитното лице и маскотата, заедно со стручните претставници на ПхармаС, на различни локации на главниот град и главните туристички дестинации во држатава преку низа активности ќе го едуцираат населението како да води здрав живот.
„Секој треба да се грижи за сопственото здравје. Употребата на лекови не значи здравје. Напротив, неопходно е превентивно да се грижиме за здравјето, да се грижиме за нашата убавина да конзумираме различни овошја и зеленчук, да се движиме, да го подобруваме нашиот имунитет со пробиотици. Ве очекуваме секој викенд, на различни локации во Скопје и Македонија каде, низ дружење и разговор, ќе Ве информираме за важноста од здравата исхрана и физичка активност во комбинација со пробиотици“, вели Светлана Црнокрак, заштитно лице на брендот ПРОбаланс.
Исто така, во рамки на кампањата, наесен, ќе се организираат детски и креативни работилници во кои ќе учествуваат и граѓаните.
Следните активности во рамки на кампањата „Немате време да бидете болни“ ќе бидат објавени на фан страната https://www.facebook.com/zidnazdravjetopharmas/.