Кубанскиот бренд на рум Havana Club отпочна нова глобална кампања која на светот му нуди увид во тајната на забавниот живот на Куба.
Kампањата насловена “Cuban mode” („Кубански модул“/„Кубански начин“) е инспирирана од заразниот дух на Куба кој провејува низ сите генерации, благодарение на енергичната колективна енергија што ве поттикнува да го прифатите нивниот начин на кој размислуваат за животот: „Искористете го максимумот од она што го имате“.
Штом ве „зарази“ чувството на “La Cubanìa”, кое се движи со вас и низ вас, добивате желба да го споделите со вашите луѓе и според вашиот ритам – насекаде.
Кампањата е создадена во соработка со креативните агенции YARD, Sid Lee и продукциската куќа Partizan Ltd.