Кампањата на маркетинг агенцијата „Еден на Еден“ за сатирично-хумористичната емисија „Фчерашни новости“, беше избрана меѓу трите најдобри во категоријата „Дигитален микс“ (Digital Mix) на дигиталните награди „SoMo Borac“, кои се доделуваа викендов на 10. по ред „Викенд медиа фестивал“ во Ровињ, Хрватска.
Станува збор за најважните регионални дигитални награди каде годинава имаше рекордни 145 пријавени кампањи, а кампањата на “Еден на Еден“ беше единствена македонска кампања меѓу финалистите во сите категории.
Победник во категорија „Дигитален микс“ беше агенцијата „Grey Ljubljana“ за нивната кампања за националниот телеком оператор „A1 Slovenija“, а меѓу топ трите освен „Еден на Еден“ се најде и „BBDO Zagred“ за нивната работа за „Hrvatski Telekom“.