Home » Во фокусот » Кампањата на „Еден на Еден“ избрана во топ три најдобри интернет кампањи во регионот!

Кампањата на „Еден на Еден“ избрана во топ три најдобри интернет кампањи во регионот!

Кампањата на маркетинг агенцијата „Еден на Еден“ за сатирично-хумористичната емисија „Фчерашни новости“,  беше избрана меѓу трите најдобри во категоријата „Дигитален микс“ (Digital Mix) на дигиталните награди „SoMo Borac“, кои се доделуваа викендов на 10. по ред „Викенд медиа фестивал“ во Ровињ, Хрватска.

Станува збор за најважните регионални дигитални награди каде годинава имаше рекордни 145 пријавени кампањи, а кампањата на “Еден на Еден“ беше единствена македонска кампања меѓу финалистите во сите категории.

Победник во категорија „Дигитален микс“ беше агенцијата „Grey Ljubljana“ за нивната кампања за националниот телеком оператор „A1 Slovenija“, а меѓу топ трите освен „Еден на Еден“ се најде и „BBDO Zagred“ за нивната работа за „Hrvatski Telekom“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365