Со текот на годините, потрошувачите станаа неверојатно зависни од употребата на еднократни пластични кеси. Тие се погодни, лесни и едноставно е да се ослободите од нив. Но, ова последново се покажа како сериозен еколошки проблем.
Голем број на брендови веќе со години преземаат одредени мерки со цел да помогнат во борбата за намалување на пластичниот отпад. Некои ги забранија пластичните кеси за еднократна употреба, додека пак други почнаа да ги наплаќаат. Маркетот East West Market од Ванкувер, Канада, се одлучи за сосема нов пристап – да направи пластични кеси кои потрошувачите воопшто нема да ги сакаат.
Тоа е тешка задача, но од маркетот се убедени дека имаат начин како ќе го постигнат тоа – преку печатење на „непријатени“ имиња на измислени брендови со кои нивните потрошувачи нема да сакаат да бидат видени, како што се „Крема за брадавици Др. Тојс“, „Емпориум за чудни филмови за возрасни“ и „Кооперација за грижа на дебелото црево“.
Новите кеси дополнително ќе се наплаќаат по 0,05 канадски долари (еднакво на 2 денари), а на секоја од нив со мали букви ќе биде допишана и реченицата „Избегенте го срамот. Носете торба за повеќекратна употреба.“
„Тешко е да се сетите да понесете торба за повеќекратна употреба. Ние ги редизајниравме нашите пластични кеси за да Ви помогнеме никогаш повторно да не заборавите,“ помалку зајадливо истакнуваат од East West Market по повод лансирањето на кампањата.
It’s hard to always remember a reusable bag. We redesigned our plastic bags to help you never forget again.
Gepostet von East West Market am Donnerstag, 6. Juni 2019