Секоја од 912-те користени Nespresso капсули доби можност да стане нова капсула или нешто сосема друго
Темата за одржлива иднина беше една од оние за кои најмногу се зборуваше на овогодинешната конференција Future Tense која се одржа на 8 и 9 јуни во галеријата Лауба во Загреб, Хрватска, во организација на Комуникациската лабораторија. Но, дебатата за одржливоста не остана само на импресивната сцена од 27 метри во Лауба. Таа во соработка со брендот Nespresso беше претворена во реалност.
На петте штандови кои беа распоредени во Лауба, во текот на двата дена колку што траеше конференцијата “Future Tense”, беа испиеани повеќе од 900 кафиња Nespresso. Бидејќи капсулите во кои се чува кафето Nespresso се направени од алуминиум кој може да се рециклира бесконечно многу пати, секоја од нив се собираше и потоа се рециклираше. Така, десет и пол килограми искористени Nespresso капсули беа претворени во 92,4 килограми компост или 46.620 полнења за паметни телефони.
„Кафето од одржливи и одговорни извори го складиравме во алуминиумски капсули, на кои по употребата секој од нас може да им даде втор живот. Наместо да ги фрлиме, ги собравме и рециклиравме капсулите што ги користевме на конференцијата Future Tense. На овој начин покажавме колку е лесно да се направи првиот чекор кон одржливата иднина“ – изјави Бојана Гутеша, регионален маркетинг директор за брендот Nespresso.
Така, одржливоста, екологијата и зелената индустрија не беа само празни зборови кога се разговараше за важноста на синергијата помеѓу благосостојбата на планетата Земја и деловниот успех. Како што беше заклучено во дебатата, а подоцна и докажано, одржливоста не е трошок, туку е инвестиција во иднината. А има ли поубава инвестиција од онаа со шолја кафе со врвен вкус?
Овогодинешната конференција Future Tense траеше два дена, а учесниците можеа да проследат предавања од шест светски познати футуролози. Конференцијата ја отвори Мајк Волш со темата „Иднината на независното размислување и лидерство“, а продолжи Дарија Кривонос од Sustainable Future, додека првиот ден заврши со темата „Иднината на технологијата“ на Мајк Бехтел. Вториот ден можеше да се проследи презентацијата „Иднината на работата и образованието“, претставена од Даниел Саскинд, за иднината на менаџментот зборуваше Ен Лиз Кјаер, а Јан Јоман ја претстави „Иднината на туризмот“.
Уште неколку денови трае акцијата по која можете да ги купите вашите билети за Future Tense 2023, и тоа четири билети по цена од два! Повеќе детали на веб-страницата https://futuretense.eu/