Најпознатата македонска поп-пејачката, Каролина Гочева во текот на вчерашниот ден беше промовирана како ново заштитно лице на компанијата „Кожувчанка“.
На прес-конференцијата по повод овој договор, одговорните од компанијата ја открија заедничката нитка со поп-пејачката, а тоа е љубовта кон работата, посветеноста и квалитетот.
Каролина ќе биде вклучена во годинешните маркетинг активности и кампањи на „Кожувчанка“, која оваа година прославува 20 години постоење.