Британската супермоделка Кејт Мос објави дека ќе лансира бренд за убавина и благосостојба, наречен Cosmoss.
На официјалниот Инстаграм профил на новиот бренд беа објавени неколку фотографии и видеа од Мос, како и слики кои изразуваат вредности како „Подмладување, рамнотежа, исцелување“ и „Духовна, сензуална, самосвесна“. Брендот официјално ќе биде лансиран на 1 септември.
„Cosmoss се потпира на извонредното животно искуство на Кејт Мос – подготвена да го сподели своето патување на самоприфаќање и слобода да се биде самата себе. Секој производ на Cosmoss е прецизно изработен имајќи ја на ум благосостојбата, користејќи моќни, природни супстанции. Секој ритуал отвора врата за рамнотежа, реставрација и љубов. Мирисот на Cosmoss повторно ве спојува со вашиот центар и ве комплементира“ – истакнуваа од брендот.
Иако сé уште нема официјални информации за тоа какви производи може да очекуваат клиентите, повеќе медиуми објавија дека брендот ќе нуди производи за нега на кожата, вклучително и масло од CBD. Сè уште не е откриен опсегот на цените.
Ова е првиот личен бренд на Кејт Мос, која низ нејзината долга кариера има соработува со голем број на различни брендови. Неодамна, таа се здружи со Diet Coke како нивна „креативна директорка“.