Еден од најдобрите НБА играчи Кавај Ленард, ја тужи компанијата Најк поради кражба на правата на логото кој сам го дизајнираше
Кошаркот на Торонто Репторс, Кавај Ленард кој ја донесе екипата на Торонто до финалето на НБА лигата, ја носеше нивната опрема до средината на минатата година, а потоа ангажираше нов спонзор.
Сега Ленард го тужи произведувачот на спортска опрема Најк за користење на неговото заштитено лого без согласност.
Кавај имаше договор со познатиот американски бренд откако влезе во НБА лигата во 2011 година до септември минатата година, а кошаркарот смета дека компанијата нема право да го користи неговиот заштитен знак.
Тужбата е поднесена до Окружниот суд во Јужна Калифорнија, а Најк не сака да го коментира случајот додека процесот е во тек.