Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions соопшти дека добитник на наградата за Entertainment Person of the Year 2023 е американскиот комичар и претприемач Кевин Харт. Тој е исто така основач и претседател на глобалната медиска компанија Hartbeat, која создава забавни содржини во кои комедијата се спојува со културата.
Презентирана како признание за виталната улога што забавната индустрија ја игра во маркетингот и комуникациите, оваа награда ја слави креативноста што ги инспирира другите да продуцираат навистина привлечни, значајни и забавни содржини.
„Среќни сме што го почестивме Кевин Харт со овогодинешното признание за Entertainment Person of the Year. Тој е врвен претприемач и преку неговото создавање на Hartbeat покажа непоколеблива посветеност во изградбата на најиновативната и најинклузивна компанија за раскажување комични приказни. Ова е вид на креативност што делува како инспирација за другите и со задоволство ја препознаваме важната улога што Кевин ја игра во просторот на забавната индустрија“ – истакнува Филип Томас, претседател на LIONS.
„Многу ми е чест што ја добив оваа награда и добив признание за мојата работа во забавниот и огласувачкиот простор. Беше неверојатно да се работи со брендираното забавно студио и маркетинг консултантство на Hartbeat, заедно со моите бренд партнери, за да се подигне комедијата во огласувањето на следното ниво и да се создадат културно релевантни кампањи кои ги обединуваат луѓето преку смеа. Мојот тим и јас штотуку почнуваме и ќе продолжиме да ги подигнуваме стандардите и да влијаеме врз огласувањето“ – коментира Кевин Харт, во врска со добиената награда.
Во вторник, 20 јуни, Харт ќе зборува за прв пат на сцената на Cannes Lions како дел од семинарот за Entertainment Person of the Year и ќе му биде врачена наградата за време на наградната церемонија на Cannes Lions таа вечер.
Овогодишното 70-то издание на Cannes Lions нуди специјално курирана програма на експерти од светска класа, предизвикувачи и нарушувачи од целиот спектар на креативната индустрија кои ќе се појават на фестивалската сцена. Целосната програма за Cannes Lions е достапна за прегледување на www.canneslions.com.