После нешто повеќе од два месеци карантин, рестораните во руската престолнина Москва повторно се отворија и почнаа да служат гости. Меѓутоа, она што најмногу го предизвика вниманието на јавноста беше новиот автоматизиран ресторан на брендот за брза храна KFC, во кој храната ја служи робот.
Во овој т.н. „ресторан на иднината“, човечкиот контакт помеѓу персоналот и потрошувачите е сведен на апсолутен минимум. Нарачката се прави на дигитален киоск, наместо кај касиер. Откако таа ќе биде готова, нарачката ја превзема прецизна роботска рака која ја става во посебна комора од каде што нарачателот потоа може да ја подигне. Но, за да го стори тоа, тој мора да ја отвори вратата на оваа комора со уникатен пин-код кој го добива претходно. Плаќањето може да се врши со картичка или пак со биометриско препознавање на лицето, по претходна лична регистрација во системот.
Според Димитри Агеев, претставник на KFC во Русија, ресторанот бил изграден уште пред пандемијата, но поради карантинот не можел да биде отворен претходно. Целта била да се направи посанитетски систем за нарачка на храна.