Иако сме само ноември, Божиќниот дух веќе почнува да се шири околу нас, барем кај брендовите.
Во својата најнова кампања, американскиот синџир за брза храна KFC се реши на своите познати кофички со поховано пилешко да им „сплети“ Божиќен џемпер.
Се работи за вистински сплетена обвивка со Божиќна тематика во која може да се вметна кофичка од KFC. Притоа, „џемперчето“ даоаѓа и со две „џепчиња“ за ставање на рацете и полесно носење.
За жал џемперчињата ќе бидат достапни само за американскиот пазар и тоа единствено со нарачка онлајн, односно преку веб-сајтот на KFC или преку мобилната апликација.
Во физичките ресторани пак, потрошувачите ќе добиваат кофички на кои е прикажана зимско-Божиќна идила наречена “Winter Chickenland” („Зимска земја на кокошките“).