Home » Во фокусот » KFC направи плејлиста од рап песни во кои се спомeнува брендот

KFC направи плејлиста од рап песни во кои се спомeнува брендот

Низ текот на годините, брендот за брза храна KFC бил често споменуван во голем број хип-хоп песни, а француската гранка на брендот се одлучи да направи плејлиста на Spotify со сите песни во кои различните рапери ја искажуваат својата љубов кон похованото пилешко на полковникот Сандерс.

Плејлистата, наречена “Bucket Bangers” по популарната „кофичка“ на KFC, е составена од страна на агенцијата Sid Lee Paris. Дел од плејлистата е и песната “Touch the Sky” на Кање Вест, во која може да се слушне стихот “Me and my girl split the buffet at KFC” („Јас и мојата девојка го делиме бифето во KFC“), како и француската песна “Déchiré” на Orelsan & Gringe, која го вклучува стихот “Donne-moi du caviar tous les jours, j’irai au KFC” („Давајте ми кавијар секој ден, јас ќе одам во KFC“). Други познати изведувачи кои се појавуваат на листата се и Beastie Boys, MIA и Public Enemy.

Плејлистата ќе биде промовирана со банери на Spotify, како и преку герила акција низ улиците на Париз со стиховите од песните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365