Брендот за брза храна KFC се реши да отвори привремен хотел во населбата Shoreditch во Лондон, кој целосно ќе биде опремен во знакот на вкусното и крцкаво поховано пилешко.
Хотелот ќе го носи името “Куќата на Харланд”, според основачот на компанијата Харланд Дејвид Сандерс, попознат како Полковникот Сандерс.
Објектот ќе се состои од шест соби каде ќе можат да престојуваат по двајца луѓе, при што собите ќе имаа декор инспириран од поховано пилешко, телевизор со “chick-flicks” филмови , специјална KFC аркадна игра, како и црвен телефон и копче за моментална нарачка на поховано пилешко.
Гостите ќе бидат превезувани до хотелот со црн кадилак наречен “Colonelmobile” („Полковнички мобил“), а ќе бидат љубезно пречекани од персоналот на хотелот.
Објектот ќе биде отворен на 18 август и ќе работи само 11 последователни вечери, според 11-те тревки и зачини кои KFC ги користи во своите рецепти. Цената за престој ќе изнесува 111 фунти по вечер, а сите средства ќе одат во буџетот на добротворната фондација на KFC.