Home » Во фокусот » KFC претвори еден критички твит во цела рекламна кампања

KFC претвори еден критички твит во цела рекламна кампања

Ланецот ресторани за брза храна KFC во Обединетото Кралство и Ирска очигледно нема проблем да прифати критика. Напротив, кога брендот мораше да затвори голем број на ресторани поради неочекуван недостиг на пилешко месо, ја лансираше една од најдобрите извинувачки кампањи на сите времиња, едноставно насловена “FCK.”

Овој пат, KFC изгради цела рекламна кампања околу „омразата“ спрема нивниот помфрит достапен во рестораните низ Обединетото Кралство, а во центарот на целиот маркетиншки подвиг се наоѓа еден ироничен твит на корисникот @upgrade_music, кој искрено бил наменет како критика кон брендот за брза храна: „Драги KFC, никој не го сака вашиот помфрит. Со почит, – Целиот свет.“

Твитот им паднал во очи на KFC и тие решиле дополнително да го споделат и промовираат, а потоа и други твитови настроени критички спрема нивниот помфрит. Ова однесување на KFC наишло на изненадување и предизвикало големо внимание во медиумите, како и од конкурентските брендови за брза храна кои се вклучиле со свои коментари во целиот процес.

Но, се разбира, ништо не било без причина. Агенцијата Mother, која стои и позади „FCK“ кампањата, се подготвувала за лансирање на нова кампања, насловена „Ain’t No Small Fry“, за промоција на новиот, подобрен помфрит на KFC.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365