Американскиот бренд за брза храна KFC се реши да го отвори својот четврти ресторан на шпанскиот остров Мајорка во населбата Poligono son Malferit во градот Палма.
Меѓутоа, местото меѓу локалците вообичаено се неракува „таму каде што се наоѓа ИКЕА“, па KFC реши малку да се позабавува со својот нов комшија.
Со цел да го најави своето отворање, KFC со помош на креативната агенција PS21 постави голем билборд во кој го користи препознатливиот стил, бои и типографија на брендот за мебел ИКЕА.
Некои брендови би се чувствувале „нападнати“ поради еден ваков потег, но ИКЕА предизвикот го прифати спортски, одговарајќи со пораката: „Благодариме KFC што им кажувате на луѓето каде да го најдат најдоброто пилешко – во нашите HAVUDROLL [шведски] уштипци“.
Gracias, @KFC_ES, por indicar a la gente dónde está el #PolloPollo: en nuestras albóndigas HUVUDROLL.😉 pic.twitter.com/9wIisE5Vcn
— IKEA España (@IKEASpain) July 29, 2021