Познатата американска медиумска личност, модел и бизнисменка, Ким Кардашијан, лансираше нов бренд на козметички производи за нега на кожа под името SKKN.
Сместен точно на средината помеѓу минимализам и луксуз, новиот бренд ќе биде лансиран на 21 јуни, а на потрошувачите ќе им понуди девет производи за нега на кожа кои можат да се користат засебно или во тандем преку специјална рутина од девет чекори.
Сите девет производи се создадени на одржлив начин, вегански и во пакувања кои можат да се рециклираат. Но, она што е највпечатливо е што пакувањата нудат можност за повторно полнење, односно – наместо да купувате нови, може само повторно да си ги наполните истите.
Лансирањето на брендот доаѓа по соопшението на Кардашијан дека ги повлекува своите претходни козметички брендови KKW Beauty и KKW Fragrance, како чекор напред кон ребрендирање на својот бизнис во поминималистичка насока.