Неколку познати личности од американскиот јавен живот предводени од Ким Кардашија се одлучија на 16 септември привремно да ги „замрзнат“ своите профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и да не објавуваат ништо.
Акцијата е дел од кампањата #StopHateForProfit која има за цел да изврши притисок врз Фејсбук да воведе и спроведува построги правила во однос на говорот на омраза и насилните содржини на социјалните платформи.
„Јас не можам да седам настрана и да молчам додека овие платформи продолжуваат да го дозволуваат ширењето на омраза, пропаганда и дезинформации – создадени од групи кои сакаат да сејат поделби во Америка, превземајќи чекори дури откако луѓе ќе бидат убиени,“ напиша Кардашијан, додавајќи дека: „Дезинформациите споделени на социјални мрежи имаат сериозно влијание врз нашите избори и ја поткопуваат нашата демократија.“
Останати познати личности кои се одлучија да го следат примерот на Ким Кардашијан и да се приклучат кон кампањата се: Леонардо ДиКаприо, Деми Ловато, Кејти Пери, Орландо Блум, Наоми Кембел и Росарио Досон.
Кампањата #StopHateForProfit оригинално започна пред неколку месеци и беше поддржана од голем број на компании кои го суспендираа своето огласување на Фејсбук и Инстаграм.