Американската компанијата за алтернативно месо од раститално потекло Beyond Meat ја именуваше рејалити-ѕвездата и бизнисменка Ким Кардашијан како „генерален консултант за вкус“.
Во централниот спот на кампањата ја гледаме Ким како стои во кујна и добива различни оброци од растително место кои таа треба да ги проба и одобри. „Јас верувам толку многу во мисијата на Beyond Meat што се вклучив да помогнам со мојот најголем адут – мојот вкус!“ – вели Ким Крадашијан во рекламата.
Како дел од „работните задачи“ на својата нова позиција, Кардашијан ќе ги споделува нејзините омилени производи и оброци преку „њузлетерот“ на компанијата, кој што исто така ќе содржи и ексклузивни понуди, рецепти и содржини.
„Ова месо од растително потекло не само што е неверојатно вкусно, туку е и подобро за вас и подобро за планетата. Тоа е едноставна промена што прави навистина голема разлика. И сега, кога сум главен консултант за вкус на Beyond Meat, никогаш немало подобро време да се оди чекор подалеку“ – додава Кардашијан.
Ким Кардашијан не е првата славна личност која го застапува брендот за алтернативно место. Минатата година, за амбасадор на компанијата беше ангажиран комичарот Кевин Харт. Конкурентниот бренд Quorn, пак, ја ангажираше актерката Дру Беримор.