Home » Во фокусот » Кинескиот модел се извини за учеството во спорната реклама на Долче и Габана

Кинескиот модел се извини за учеството во спорната реклама на Долче и Габана

Манекенката која се појави во контроверзната реклама на познатиот италијански бренд Долче и Габана се извини за учеството во неа. Рекламната кампања е обвинета за исмевање на кинеската култура и промоција на непријатни стереотипи.

Кинескиот модел објави дека немала време да го разгледа ефектот на рекламата во која таа се обидува да јаде италијанска храна, односно пица и тестенини со користење на кинески стапчиња, пренесува Асошиејтед прес.

Откако рекламата претрпе бројни критики, компанијата од Милано ја откажа ревијата во Шангај минатата година, а кога продавачите почнаа да ги повлекуваат нивните производи од продавниците, коосновачите на компанијата, Доменико Долче и Стефано Габана им се извинија на кинезите.

Светските медиуми објавија дека моделот во рекламата изјавила дека се чувствува виновна. Во својата долга објава, таа навела дека соработката со модната куќа како Долче и Габана обично носи светска слава и бројни договори и пари, но сепак, тоа нејзе ја чинело кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365