Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, со видео покана до идните македонски ракометари за седум дена тренинг и дружење на неговиот, трет по ред, ракометен камп кој од 20 Јуни до 02 Јули 2017 година ќе се одржи во прекрасниот Охрид. Официјално најдобриот десен бек во светот, со своето ракометно и животно искуство има што да им (по)каже на најмладите македонски ракометари кои ќе уживаат во седум дена тренинг, едукација и дружење со момчиња и девојчиња од целиот свет тренирајќи под будното око на неговиот стручен тим составен од најдобрите македонски тренерски и играчки имиња, надополнети со тренерски и играчки гости од странство.
Покрај веќе високо поставените стандарди кои кампот ги нуди во однос на сместување на учесниците во хотел од висока категорија, обезбеден превоз за секое дете од Македонија, комплет медицински преглед пред одржување на кампот со 24 часовна медицинска грижа, врвна спортска опрема за тренинг и хотел и комплетно осигурување за секој учесник, организаторот најавува подобрување на условите во однос инфраструктура, обезбедување врвни тренерски и играчки имиња како гости на кампот и незаборавно дружење на идните македонски ракометари.
Иако пријавувањето за кампот стартуваше пред неколку дена огромниот интерес за учество на кампот што беше практика во изминатите две години, продолжува и оваа година со уште поголем, пополнет е половина од предвидениот број на учесници
Кампот како проект е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон итн.) но и со самото 24 /7 присуство на Кире Лазаров на кампот да допирнесе за поголем интерес за практикување на ракометната игра кај најмладите учесници.
Повеќе инфо на официјална фејсбук страница (www.facebook.com/ handballcampkirillazarov7) и на info@kmgsport,mk.