На денешната прес-конференција која се одржа во СЦ „Борис Трајковски“, осигурителната компанија Евроинс и најпознатиот македонски ракометар Кирил Лазаров официјално ја промовираа својата соработка со која Лазаров ќе биде нов бренд-амбасадор на компанијата а истовремено го најавија и својот заеднички проект кој вклучува потрага по 7-темина најталентирани ракометари од цела Македонија.
За продолжување на соработката со Кирил Лазаров и за стартот на проектот „Кирил Лазаров и Евроинс во потрага по Одличните 7“, извршниот директор на Евроинс Осигурување, г. Јанко Николов изјави:
„После успешната соработка која овој јуни ја имавме со г.Лазаров во неговиот, Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, Евроинс како компанија се одлучи комплетно да го подржи и неговиот нов проект за подршка на најталентираните млади македонски ракометари. Проектот “Кирил Лазаров и Евроинс во потрага по ОДЛИЧНИТЕ 7” е долгоодишен проект на пронаоѓање на 7 (седумнина) млади најтелентирани ракометари од целата држава, нивно менторирање, насочување и помагање во секоја смисла. Активностите кои се предвидени во овој долгогодишен заеднички проект, ќе стартуваат од септември и покрај продолжување на соработката околу ракометниот камп, ќе се состои и од помагање на младите ракометари со стипендии, менторство, едукација, насочување на вистински вредности и слично“.
Самиот Кирил Лазаров, видно задоволен од продолжувањето на соработката со Евроинс Осигурување, пред присутните изјави:
„Сакам да го изразам моето големо задоволство што проектот кој што го најавивме со успешно организираниот ракометен камп „Кирил Лазаров7“ за вложување во младите македонски ракометари, сега добива свое продолжение во еден многу поголем проект каде што Кирил Лазаров и Евроинс Осигурување заеднички ќе се впуштат во потрага по најталентираните македонски ракометари. Благодарам на компанијата Евроинс, што препозна вистински вредности во мене како спортист но и во проектот во кој ќе се обидам да го пренесам моето огромно искуство, а Евроинс како општествено одговорна компанија ќе го подржи со стипендирање на идните македонски репрезентативци. Од друга страна, се надевам дека во следните три години како бренд-амбасадор на Евроинс, компанија со која имам претходно позитивно искуство, ќе придонесам луѓето да ги препознаат вредностите кои оваа компанија ги поседува“.
Извршниот директор на Евроинс, г-ѓа Ралица Губерова по повод потпишувањето на договорот за бренд-амбасадор со Лазаров изјави:
“Од пред неколку месеци Евроинс е со делумно обновен менаџмент, а со тоа и со нова долгорочна стратегија за развој на Друштвото. Ние се трудиме да понудимe квалитетно осигурување на нашите клиенти и да ја добиеме нивната доверба кон Евроинс како долгорочен партнер на кој можат да се наслонат. Квалитет, доверба, одговорност – тоа се причините поради кои го избравме Кирил Лазаров за бренд-амбасадор на Евроинс, кој е врвен професионалец, лидер на најуспешната национална селекција во Македонија, човек кој секогаш превзема одоговрност, колега кој ужива доверба кога е најтешко но и кога треба националниот тим да се наслони на него. Тоа ќе бидат и карактеристиките на нашиот нов семеен пакет од Евроинс кој ќе го понудиме во периодот кој следува“.